4 совети како да започнете разговор со симпатијата: Бидете отворени и комуникативни

popara22 мај, 20221min00
muvanje-830x0

Секоја врска треба да започне со почетен контакт. Тоа е точката во која една посебна личност почнува да се издвојува од толпата

Првиот чекор е секогаш најтежок, бидејќи никогаш не знаеме дали ќе продолжиме да чекориме напред или ќе се вратиме на почетната точка.

Истото важи и кога станува збор за испраќање порака до личноста која ни се допаѓа бидејќи не сме сигурни дали таа личност не сака во животот.

„Кршење на мразот“ не значи започнување двочасовен разговор, туку преминување на бариера, каде што станувате познаници од сосема непознати.

Сепак, многумина ги измачуваат прашањата како што се: „Што ако ме одбие?“, „Како да не изгледам чудно?“, „Дали ќе сака да разговара со мене?“.

За да ги надминете овие бариери меѓу вас и симпатијата, применете ги овие совети.

  1. Направете го првиот чекор

Насмевнете се и кажете „Здраво“, ќе ја изненадите другата личност, но позитивно бидејќи тоа е, всушност, најприродниот начин да стапите во контакт. Исто така, луѓето се толку навикнати секој да гледа во нивните телефони, па затоа насмевката и поздравот секогаш ќе бидат убаво изненадување.

  1. Покажете дека имате заеднички интереси

Многу луѓе мислат дека немаат ништо заедничко со странец, но обидете се да дознаете за што сака да зборува личноста до вас и започнете разговор во таа насока.

  1. Не давајте кратки одговори

Заборавете на одговорите како „да“, „не“, „не знам“, „можеби“. Ова веднаш ќе го отфрли вашиот потенцијален партнер бидејќи првото нешто на што ќе помисли е дека сепак не сакате да разговарате со него.

  1. Поставувајте прашања

Наместо да одржувате монолог, погрижете се да изберете теми што отвораат простор за разговор. На овој начин вашата симпатија ќе види дека ви е важно што ќе каже.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag