5 видови на намирници кои ќе ви помогнат да се изборите со кандидата

2 април, 20220
zeleno-povrce-830x0

Фактот дека во човечкото тело живеат околу сто трилиони бактерии веројатно ќе изненади многумина. Кога на тоа ќе додадеме габи, добиваме цел универзум на микроби, а деликатната рамнотежа на овие бактерии во цревната флора помага да се одржи здравјето на целиот организам.

Кога ќе се наруши таквата рамнотежа, во организмот се јавуваат разни дисфункции: телесна тежина, ментално здравје, автоимуни болести и слично.

Најчестиот проблем кој го нарушува здравјето е прекумерното размножување на кандида во организмот. Секој кој некогаш имал проблем со оваа габична инфекција знае колку може да биде упорно и тешко. Но, сè што можете да направите е целосно да ја промените вашата исхрана.

Овие намирници треба да ги консумирате доколку имате проблеми со кандида.

1. Зеленчук без скроб

Зелка, спанаќ, блитва, зелена салата и воопшто зеленчук богат со фолна киселина, се добри за уништување на кандида.

2. Здрави масти

Маслото од авокадо, кокос и маслиново добро делуваат на цревната флора, затоа пригответе ја храната користејќи ги овие масти.

Кокосовото масло е особено богато со карпилна киселина, за која е докажано дека ја забавува репродукцијата на кандида.

3. Ферментирана храна

Кефирот или јогуртот ќе помогнат да се воспостави здрава стомачна флора.

4. Корени билки и зачини

Ориганото и ѓумбирот имаат неверојатен ефект врз микробите и телото, затоа задолжително користете ги во оброците или консумирајте ги како чај.

5. Здрави засладувачи

Треба да го исфрлите шеќерот од вашата исхрана ако се борите со кандида. Заменете го со стевиа, еритритол или други засладувачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi