5 ПАРЧИЊА ЗА ЗАБАВА КОИ МОЖЕТЕ ДА ГИ НОСИТЕ И ВО ДНЕВНИ ПРИЛИКИ: Светки за деловен состанок – зошто да не?

16 јануари, 20220
party-komadi-trend-0627320876

Празниците се зад нас, но тоа не значи дека не можеме да носиме облека за излегување во секојдневни прилики. Еве како!

Во новата година одржливоста е меѓу водечките трендови, а најодржлива е облеката што веќе ја поседуваме. Иако се чини дека парчињата за забава со светки, кристали или пердуви, во светли или металик бои се многу краткотрајни, можеме да ги носиме во текот на целата година – и тоа не само за вечерни излегувања. Тоа го покажуваат и модните инфлуенсери: Кејт Мос со децении не ги соблекува кадифените блејзери и ги носи во разни комбинации, од фармерки до фустани.

Освен одржливоста, малку сјај што ќе го донесат овие парчиња во најдепресивниот месец во годината не е на одмет, па затоа ви носиме неколку идеи како да ги носите овие парчиња во лежерни, секојдневни прилики кои не бараат премногу дотерување.

Плетиво

Долгите здолништа од свила или волна ќе изгледаат совршено во секојдневните стајлинзи со рамни чевли и крупно плетиво. Додадете им златни ланчиња и ќе имате вистинска елегантна комбинација.

Фармерки

Нема ништо што не изгледа добро со вистинскиот пар фармерки: кадифена јакна или блејзер украсени со пердуви, маичка со отворен грб и чанта за забава… Сепак, рецептот за лежерен изглед е да не претерате.

Сјајни чевли

„All black everything“ секогаш изгледа елегантно, особено на светкави чевли. Ќе го смират аутфитот, ќе му дадат посведен тон за разлика од вечерниот, екстравагантен. Запомнете дека ако имате едно ефектно парче, сè друго треба да биде многу минималистичко.

Блејзер

Софистициран и едноставен, блејзерот во впечатливи нијанси ќе ја разигра секоја модна комбинација и ќе ве направи посебни. Зелената, бордо или дури и портокаловата ќе бидат идеални за постигнување на овој ефект, а како што споменавме погоре, другите парчиња треба да бидат многу едноставни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi