5 ситуации во СЕКСОТ кои се НЕПРИЈАТНИ за двата пола: Дали сте доживеале некоја од нив?

25 февруари, 20220
Screenshot 2022-02-25 020617

Во спалната соба не треба да има простор за страв меѓу партнерите. Сепак, некои студии покажаа дека во сексот, мажите имаат чести стравови поврзани со големината на пенисот, постигнувањето и одржувањето на ерекција, додека жените најмногу се грижат за физичкиот изглед. Од друга страна, некои стравови се универзални за двата пола.

Истите дилеми ги мачат и мажите и жените:

  1. Тремор на мускулите и ненадејни грчеви

Сексот е физичка активност која бара добра форма. Доколку не вежбате редовно или не ја одржувате вашата состојба на некој друг начин, можно е да почувствувате болки во мускулите или ненадејни грчеви среде некоја понапорна поза. Физичката непријатност ќе ве натера да престанете со сензуалното уживање, но и да го намалите вашиот интерес за продолжување на акцијата.

  1. Како ви изгледа позадината од тој агол

Повеќето жени чувствуваат некаква непријатност поврзана со телото или неговите поединечни делови. Кога станува збор за задникот, на него не се имуни ниту мажите, кои се чувствуваат особено изложени во пози во кои партнерката има пристап до грбот и анусот.

  1. Дали сте премногу бавни/брзи

Координираниот оргазам во исто време кај две лица е толку редок феномен што стана урбан мит што никој не го очекува во спалната соба. Секој има свој ритам, кој дополнително е условен од „хемијата“ со партнерот и неговата умешност меѓу чаршафите. Понекогаш се плашите дека ви треба многу време за да постигнете оргазам? Не се нервирајте. Тој ужива во секоја продолжена секунда.

  1. Ненадејни телесни реакции

Можноста за испуштање гас или некој непријатен звук за време на сексот, ги фрла двата пола во парализирачка грижа. Имајте на ум дека телото е изложено на голем физички напор и дека произведува различни звуци. Ако нешто пропуштите, насмејте се, случката претворете ја во шега и продолжете да уживате.

  1. Дали правите чудна фаца во моментот на кулминација

Сите се загрижени за тоа како изгледаат во моментот на достигнување на кулминацијата и какви звуци испуштаат од гласните жици. Не, вие не сте посебни. Заборавете на порнографските кореографии и сцени што сте ги гледале во уметничките филмови на европската кинематографија. Препуштете се на уживањето, пишува „Задовољна.хр“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi