5 трикови да елиминирате електрицитет од облеката: Еден го користеле и нашите баби!

29 март, 20220
shutterstock1572017263-830x0

Последниве денови ретки се оние кои не се жалат на електрицитет кога ќе допрат друго лице, домашно милениче или предмет.

Статичен електричен удар може да се случи и кога носиме гардероба од ткаенина која е негативно наелектризирана. За да ја избегнете оваа непријатност, обидете се со трикови кои докажано помагаат.

1. Користете жичана закачалка

Пред да облечете маица, здолниште или панталони кои можат да предизвикаат непријатно „пецкање“, закачете ги на жица. Ваквата закачалка може да врати дел од електричното полнење поради кое облеката се „лепи“ за телото.

2. Ставете влажна крпа во машината за сушење

Десет минути пред машината за сушење да го заврши процесот, вметнете влажна крпа и завршете го сушењето на најниска температура. Сувиот воздух придонесува за статика, но влажна крпа ќе го одржува влажен воздухот во машината, па облеката нема да „пецка“.

3. Закачете шпенадла

Ставете шпенадла на внатрешната страна на парчето облека што предизвикува „боцкање“. Металот ќе го задржи електричниот полнеж, па без проблем ќе можете да носите гардероба која нормално „боде“.

Овој трик го користеле нашите баби – само сетете се колку пати сте виделе шпенадли како висат во нивната гардероба. Очигледно не го направиле тоа без добра причина. Само, внимателно поставете го зихернадлуто за да не ве боцка кога го носите.

4. Испрскајте лак за коса

За да спречите облеката да се „закачи“ на вашето тело и да предизвика непријатни сензации, попрскајте ја со мала количина лак за коса. Има моќ да ја елиминира статиката, а со тоа и „пецкањето“.

5. Вметнете алуминиумска топка во машината за перење

Покрај тоа што треба да избегнувате заедничко перење алишта од природни и вештачки материјали, постои уште еден трик кој дава добри резултати во елиминирање на „наелектризираната“ облека.

Во барабанот на машината за перење вметнете топка за сушење или обична алуминиумска фолија што сте ја стуткале во топка со големина на слива. Потоа ставете ги алиштата и измијте ги на вообичаената температура.

Топката ќе ја „собере“ статиката, па гардеробата нема да „пуцкета“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi