На социјалните мрежи владее хаос заради новиот модел на ФАРМЕРКИ: Визуелно ја намалуваат половината и го креваат задникот!

popara25 март, 20221min00
Screenshot 2022-03-25 000042

Откако ќе дознаете кој модел совршено го крева задникот, макотрпната потрага при купување фармерки ќе биде минато.

Добрите тесни фармерки ќе ви бидат најдобар пријател. Доколку сакате дополнително да го нагласите задникот, изберете модели кои се малку избледени на тој дел.

За фармерките убаво да стојат на задникот, клучна е положбата на џебовите.

Фармерките со изразени задни џебови се одличен сојузник во подигнувањето на задникот. Жените кои сакаат да постигнат ефект на поголема позадина треба да избегнуваат boyfriend џинс, бидејќи таквите модели прават да изгледа уште порамно отколку што е.

Преклопените џебови или оние со модни додатоци како големи копчиња, разни синџири, накит и слично визуелно ќе го зголемат „задниот дел“.

Ви препорачуваме и да се осмелите да пробате фармерки со високи џебови кои се малку свртени нанадвор. Идеални џебови се оние кои се што подалеку еден од друг, бидејќи во спротивно задникот дополнително ќе ви се намали.

Минатата година жените ширум светот полудеа по модел на танга фармерки на Mugler кои даваат ефект на поголем задник, откако Бела Хадид и Ирина Шајк ги прошетаа.

Трендот ни дојде многу брзо, па Анастасија Ражнатовиќ го демонстрираше истиот модел. На почетокот овој тренд не потсети на дискутабилните модни времиња и не врати во минатото, поточно во почетокот на милениумот.

Сакале или не, танга панталоните се повторно тука, а нивната најголема предност е што ја зголемуваат секоја форма на задникот, удобноста и леснотијата на комбинирање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma