Ова беа најмодерните фризури на доделувањето на Оскарите: Инспирирајте се за оваа пролет!

30 март, 20220
kendal-dzener

Во Лос Анџелес се одржа 94-тото доделување на Оскарите, кога публиката имаше можност да види различни комбинации на облека на познатите личности.

Сигурно е дека зад ваквите совршени изгледи стојат повеќечасовни подготовки, но и цели тимови кои заедно работат на изгледот и гламурот на познатите дами.

На црвениот тепих често можеме да видиме нови трендови кои ќе владеат во следната сезона, а ова се 8-те најдобри фризури од Оскарите кои ќе ја одбележат пролетта и летото 2022 година.

Ретро шишки

Синоќешната оскаровка за најдобра оригинална песна „No Time To Die“, Били Ајлиш покажа нова фризура: неодамна ја бојадиса својата руса коса во црна и ја носеше во ретро стил. Природно права коса, постепено потстрижена, ги свиткала врвовите нанадвор, а шишките ги исправила на страна врамувајќи го продорниот поглед.

Рамен лоб

Режисерката Софија Копола носи едноставен директен лоб (долг боб) кој изгледа помалку строг благодарение на поделбата на страната и волуменот, но и на прамените. Ако имате природно права или свиленкаста коса, можете да го зголемите волуменот со пена за коса, лак или спреј за текстура.

Лежерни бранови

Косата прошарана со прамени уште подобро ќе се истакне и ќе добие нов волумен со неправилни бранови, по примерот на Пенелопе Круз. Поиграјте си со витлерите за оваа фризура со волумен, а можете да користите и тркалезна четка за коса.

Долги бранови

Хејли Бибер ја оживеа својата слоевита фризура со нежни бранови и на тој начин го истакна својот сјај и топлата нијанса. За оваа фризура, можеби ќе треба само да ја оставите вашата коса да се исуши на воздух, а оние со многу права коса може да се обидат да ја виткаат без употреба на пегла за виткање или преса за коса, со помош на витлери или плетенки.

Коњска опашка

Кендал Џенер ја подели својата ултра тренди бакарна коса на средина, а потоа ја подигна во високо опавче. Мазниот ефект може да се постигне со помош на чешел и гел или пена за зајакнување на косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma