Пост – Ковид хигиена: До некои правила би требало да се придржуваме и по пандемијата!

7 јуни, 20220
washing_hands

Стапката на инфекција со Коронавирус е помала на глобално ниво, што резултираше со укинување на задолжителното носење маски во продавниците и зголемени надежи дека пандемијата постепено влегува во ендемска фаза. Дали се откажуваме од хигиенската рутина која досега многу строго ја следевме и на која сме навикнати?

За време на пандемијата на Ковид-19, најмногу доминираше хигиената, хигиената и…повторно хигиената, а тоа, според експертите, треба да остане така. По повеќе од две години борба со вирусот, на некои места сè уште се носат заштитни маски, некои луѓе сè уште се поздравуваат со тупаница или лакт наместо да се ракуваат, а многумина продолжуваат  да ги дезинфицираат рацете и работните површини.

Дали се откажуваме од хигиенската рутина која досега многу строго ја следевме и на која сме навикнати?

  • „Во никој случај“, вели германскиот експерт за хигиена Др. Клаус-Дитер Застров. Со него се согласува и Клеменс Венднер, раководител на Одделот за онкологија, хематологија, имунологија, палијативна медицина, заразни болести и тропска медицина во болницата „Швабинг“ во Минхен.
  • „Новиот кодекс за соодветна хигиена ќе продолжи да важи и по пандемијата на Ковид-19“, вели тој. Др. Застроу верува дека е разумно да имате заштитна маска при рака, секогаш кога ќе го напуштите вашиот дом.
  • „Препорачливо е да ја ставите на лице на места со многу луѓе, како во автобуси и возови“.

Редовното миење на рацете е една од основите на личната хигиена, која беше важна и пред избувнувањето на пандемијата Ковид-19.

  • „Не занемарувајте го темелното миење на рацете со вода и сапун пред и по оброците и по користење на тоалетот“, потсетуваат германските лекари. „Да се ​​одржува физичка дистанца од личноста пред и зад вас во редот има смисла и надвор од пандемијата“, забележува Венднер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi