Трите најубави фустани кои Кејт Мидлтон ги носела на Вимблдон

6 јули, 20220
kejt-midlton-vimbldon-2019-2-830x0

Додека го очекуваме појавувањето на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон на трибините на Вимблдон оваа година, ќе погледнеме наназад на нејзините комбинации од изминатите години.

Кејт Мидлтон е посебен љубител на тенисот, а секоја година се појавува со принцот Вилијам на ова тениско натпреварување.

За вас ги одбравме трите најдобри комбинации кои Кејт ги носеше на трибините на популарниот тениски турнир.

Таа во 2014 година носеше бел фустан со дупчиња, а го креираше австралиската луксузна модна куќа Zimmermann.

Ова беше втор пат кога Кејт го носеше – прв пат го носеше истата година во посета на Сиднеј.

За финалето на Вимблдон во 2019 година, Кејт Мидлтон носеше бајковито син фустан од Емилија Викстед. Потоа го следеше мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер во кој победи српскиот тенисер.

Со овој феноменален небесно-син фустан, Кејт комбинираше салонки во беж боја со ремен.

Истата година, во 2019 година, Кејт носеше незаборавен бел фустан со црни копчиња од модната куќа Suzannah. Фустанот го украсила со ремен од модниот бренд Alexander McQueen.

Бидејќи белата облека е симбол на Вимблдон, тогаш со сигурност можеме да кажеме дека овој фустан засега е кралица на сите модни избори на Кејт Мидлтон на Вимблдон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi