Откриено е за колку брзо време можеме повторно да се заразиме со Корона вирусот: Шансите за реинфицирање се големи

26 јули, 20220
woman-50518351920-830x0

Варијантата Omicron BA.5 на корона вирусот ги промени правилата на игра кога станува збор за инфицирање од истиот.

Пред само неколку месеци верувавме дека шансите да се заразиме повторно со корона вирусот, кој неодамна сме го прележале, се многу мали.

Научниците веруваа дека сме безбедни од повторна инфекција најмалку шест месеци по оздравувањето.

Меѓутоа, со појавата на новата варијанта омикрон БА.5, има се повеќе нови реинфекции и откриен е ковид кај многумина кои веќе имале една, а можеби и две инфекции од истиот.

– „Реинфекциите се јавуваат поради повеќе причини, кои вклучуваат опуштени мерки (носењето маски и социјалното растојание е сведено на минимум), опаѓање на антителата и дополнителни вирусни мутации што доведоа до слабеење на имунитетот на новите подваријанти на омикронот“ – вели Пабло Пеналоза-Мекмастер, доцент по микробиологија и имунологија на Медицинскиот колеџ на Универзитетот во Илиноис.

Покрај сегашниот корона вирус, има уште четири видови на корона вирус кои циркулираат и предизвикуваат настинки.

Досегашните мутации му помагаат на вирусот да изгледа малку невидлив за антителата кои нашето тело ги создало при претходните инфекции и со помош на вакцините.

– „Тешко е да се одреди колку луѓето се подложни на повторна инфекција“ – тврди Алберт Шо, доктор за заразни болести.

– „Тој момент во голема мера зависи од тоа кога последен пат сте биле вакцинирани и каква е состојбата на вашиот имунитет, вашата возраст и присуството на други болести на телото“ – додаде докторот.

Варијантата со која сте биле заразени исто така влијае на ризикот од повторна инфекција. Едно истражување од Катар покажа дека ефективноста на предомикронската инфекција (како што е делта или алфа) против инфекцијата со БА.5 била ефикасна околу 28 проценти, додека ефективноста на инфекцијата со омикрон против инфекцијата со БА.5 била 80 проценти помалку ефикасна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi