6 намирници за совршен тен: Со нив кожата на лицето ќе изгледа здраво и младо

4 април, 20220
Screenshot_6

Ако почесто ги вклучувате овие намирници во вашата исхрана, вашата кожа ќе блесне

 

 

Здравата кожа е одраз на општата состојба на организмот, а за вашиот тен да биде сјаен и блескав, потребно е во исхраната да внесете поголеми количини на некои намирници. Нутриционистите, меѓу другото, препорачуваат јаткасти плодови, но и мрсна риба, како и храна богата со витамин Ц.

 

Експертите тврдат дека шест намирници играат клучна улога во одржувањето на убав и здрав тен и состојбата на кожата на лицето.

 

  1. Ореви

Оревите се една од намирниците кои ја прават нашата кожа сјајна. Имаат исклучителна хранлива вредност бидејќи се богати со есенцијални масни киселини (омега 3 и 6), цинк, витамини Е и Ц, селен и протеини. Можете да ги јадете како здрава ужина или да ги додадете во каша за појадок.

 

 

  1. Семки од сончоглед

 

Семките од сончоглед содржат витамин Е како важен антиоксиданс со благотворно дејство на кожата. Семките од сончоглед исто така содржат фенолни соединенија како флавоноиди, кои имаат антиоксидантни својства кои помагаат да се намали воспалението. Тие се одличен борец против воспалителните процеси на кожата.

 

  1. Пиперка

 

Оваа намирница содржи големи количини на бета каротен и витамин Ц, како и важни антиоксиданси.

 

Витаминот Ц е вклучен во градењето на колаген, протеин кој ја одржува добрата структура на кожата. Пиперката можете да ја грицкате со секој оброк, а се препорачува да изберете некоја која има интензивна боја.

 

  1. Мрсна риба

 

Видовите риби како лосос, пастрмка, сардина, туна и скуша содржат многу важни омега 3 масни киселини, кои имаат антиинфламаторно дејство и ја одржуваат влажноста на кожата.

 

Овие видови на масни риби се и добар извор на висококвалитетни протеини, витамин Е и цинк, а тоа е уште една причина да ја вклучите рибата во неделното мени.

 

Акните се резултат на воспаленија и инфекции на лојните жлезди кои се стимулирани од хормони, а намирниците кои во тој случај треба да се намалат или елиминираат се заситените и хидрогенизираните масти, мулти-преработената храна, брзата храна, како и производите полни со додадени шеќер.

 

  1. Соја

Сојата е богата со изофлавоноиди, кои штитат од УВ зрачење, ги коригираат брчките, го стимулираат формирањето на колаген, ја одржуваат еластичноста и влажноста на кожата… Тофу сирењето може да биде дел од оброкот, а соја сосот е одлична повремена замена за постоечките зачини, советуваат нутриционистите.

 

  1. Темно чоколадо

Придобивките од темното чоколадо се веќе нашироко познати. Голем процент на какао содржи антиоксиданси кои помагаат во спречување на изгореници од сонце. Овие антиоксиданси позитивно делуваат и на намалување на брчките, компактноста и текстурата на кожата, нејзината влажност и самата циркулација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi