„Blonde“: Ефектната трансформација на Ана де Армас во Мерилин Монро веќе воодушевува од само неколку кадри

20 јуни, 20220
profimedia-0700287835-830x0

Ана де Армас ја игра Мерлин Монро во филмот „Blonde“, претстојниот филм на Нетфликс во режија на Ендрју Доминик, а филмот веќе ги освои насловните страници.

Нов биографски филм, базиран на истоимениот роман од 2000 година на Џојс Керол Оутс, треба да се појави на Нетфликс во 2022 година. Филмот ја доби ознаката NC-17; тоа е првиот филм од стриминг сајтови кој ја добива таа етикета (само за 18 плус).

Нетфликс објави трејлер за филмот на 16 јуни, прикажувајќи го Де Армас како Мерилин за прв пат. Тизерот содржи и импресивна верзија на изведбата за песната „Diamonds Are a Girl’s Best Friend“.

– Тоа е задолжителен филм. Ако на публиката не ѝ се допаѓа, тоа е проблем на публиката. Тој не се кандидира за јавна функција. Тоа е NC-17 филм за Мерлин Монро, тоа е она што го сакате, нели? Сакам да одам да ја видам верзијата NC-17 на приказната за Мерлин Монро – изјави режисерот.

Добивањето на етикетата NC-17 обично е „бакнеж на смртта“ бидејќи ја ограничува продажбата на билети. Но, бидејќи Netflix не му дава приоритет на кино емитувањето како што тоа го прават традиционалните студии, рејтингот нема да влијае на вкупната гледаност.

И додека на некои им се допаѓа жешко, Ана го сака тоа како предизвик, нарекувајќи ја оваа улога „најинтензивната задача“ што некогаш ѝ била дадена.

– Ми требаше една година да се подготвам. Беа вклучени истражувања и обука за акцент, изјави таа за Entertainment Weekly во април.

Целата идеја на „Blonde“ е подетално да ја прикаже нејзината драма од детството, а потоа да го покаже начинот на кој таа драма ги дели возрасните на „јавно јас“ и „приватно јас“. Потоа, додека возрасен го гледа светот низ призмата на детската драма – тоа е еден вид приказна за личност чија слика претставена на светот полека се потиснува од скриената страна.

Трејлерот со сцени во кои Монро плаче сама и грациозно се појавува пред безброј камери, навестува на внатрешниот конфликт на актерската икона со јавните и приватните прикази на себе. Настаните се случуваат во нејзината соблекувална пред таа да излезе на сцената. Де Армас на публиката ѝ сервира извежбана препознатлива насмевка зад која се крие сета животна болка на покојната Монро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi