
Супер трик
Една Британка открила во група на Facebook како да се ослободитe од мувлата во туш кабината без потешкотии.
Во групата, таа најпрво побарала помош од другите, а по бројните совети, се одлучила за еден што вклучува само две состојки.
Советот што многумина ѝ го предложиле е да остави вата натопена во избелувач на критичните делови, во нејзиниот случај на рабовите на туш кабината. Тоа е она што таа го сторила, а наутро мувлата целосно исчезнала!
Жената била целосно изненадена од резултатот и им се пофалила на сите во групата за тоа како успеала.
„Ова е супер. Се обидов да ставам избелувач неколку пати, но никогаш на памучна крпа“.