PRETTY IN PINK: Розовите фустани кои оставија свој белег на историјата со доза моден оптимизам

21 ноември, 20220
Nastassja-Kinski

Розовата често се доживува како женствена, несериозна, нежна, романтична… но низ историјата ја носеле моќните жени кои биле незаборавни во фустани во различни нијанси на таа боја. Така, се сетивме на некои од фустаните „think pink“ кои ги направија улогите, филмовите и историските моменти уште полегендарни, а жените кои ги носеа засекогаш ги ставија на листите на стилски икони.

Мерлин Монро во розов фустан опкружена со мажи пееше за дијаманти во „Мажите претпочитаат русокоси“. Слична композиција во реалниот живот реализираа Гвинет Палтроу на Оскарите и Лејди Гага на Мет Галата.

Мерилин Монро, „Gentlemen Prefer Blondes“, 1953 година (Вилијам „Били“ Травила)


Гвинет Палтроу, Оскари 1999 година (Ралф Лорен)


Лејди Гага, Мет Гала 2019 година (Брендон Максвел)


Џеки Кенеди како прва дама на САД на вечерата носеше розов фустан со бели ракавици, а слична нијанса имаше Одри Хепберн во филмот „My Fair Lady“, додека во „Breakfast at Tiffany’s“ носеше комплет од поинтензивна розова – со неповторлива дијадема.

Џеки Кенеди, 1963 година.


Одри Хепберн, „My Fair Lady“, 1964 година (Сесил Битон)


Одри Хепберн, „Breakfast at Tiffany’s“


Кинематската историја на розовата боја не би била целосна без „Pretty in Pink“ со Моли Рингвалд и Настасја Кински во плетен краток фустан во „Paris, Texas“. Се разбира, Рис Витерспун е икона како „Legally Blonde“, која ја сумираше важноста на розовата во една реченица: „Кој рекол дека портокаловата е новата розова, бил сериозно пореметен“.

Моли Рингвалд, „Pretty in Pink“, 1986 година.


Настасја Кински, „Paris, Texas“, 1984 година.


Рис Витерспун, „Legally Blonde“, 2001 година.


На доделувањето на Греми наградите, Џене Аико го привлече вниманието со својот изглед во огромен розов фустан, потсетувајќи повторно на стилската икона Ријана, која првично блесна и доминираше во собата во импозантна розова креација во 2015 година, исто така на доделувањето на Греми наградите.

Ријана, Греми 2015 година (Џамбатиста Вали)


Така, во деновите кога ви треба малку модно освежување и доза оптимизам – посегнете по секогаш модерното – розово!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *