Тој на Твитер објави фотографија на која се гледа дека во серијата ќе биде прикажан како дете
The Weeknd, еден од најуспешните музичари на денешницата, ја исполни својата најголема желба, со која се пофали на своите следбеници на Твитер.
The Weeknd, еден од најуспешните музичари на денешницата, нема многу неостварени желби: освои три Греми награди, 19 Билборд награди, неговиот талент двапати го препозна МТВ, а пред шест гдини беше номиниран за Оскар.
Меѓутоа, сега со јавноста сподели дека му се исполнила желбата која ја имал како дете.
Популарниот пејач ќе биде дел од најновата епизода на Симпсонови, долгогодишната американска анимирана серија.
The Weeknd објави фотографија на Твитер, на која се гледа дека тој ќе биде прикажан како дете во серијата.
Неговите следбеници на големо шпекулираат за улогата на The Weeknd, а со оглед на тоа дека е на иста возраст како Барт Симпсон, претпоставуваат дека ќе влезат во некоја неволја со него.