Дали е можно дури и таа да е незадоволна од својот изглед?
Не е тајна дека Ким Кардашијан со секое нејзино појавување предводи армија шминкери, фризери и стилисти, но се чини дека и тоа не е доволно. Овој пат на помош дојдоа и познавачите на фотошоп.
Фотографиите од забавата на Veniti Fair по Оскарите изгледаат брутално, а нејзиното лице е совршено… без никакви пори, испакнатини и брчки, како на барбика.
Меѓутоа, во јавноста се појавија и необработени фотографии кои ја покажаа вистинската состојба на работите. Тоа веднаш го забележаа корисниците на Редит, кои ја споредија со фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, каде секогаш е максимално „испеглана“.
Kim K accused of Photoshopping snaps AGAIN as Oscars snaps reveal 'real' skin texture https://t.co/zUxgIKpKQJ
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) March 30, 2022
Далеку од тоа дека Ким изгледа лошо на овие фотографии. И покрај испакнатините на челото и брчките околу усните, таа и понатаму е извонредно убава и токму затоа нејзината потреба упорно да поставува нереална слика за себе е поразителна.