Врховниот суд на САД одби да ја обнови кривичната постапка за сексуален напад против комичарот Бил Козби, пренесе АФП.
Козби беше осуден во 2018 година за нападот врз Андреа Констанд во 2004 година, во неговата вила во Филаделфија.
Ова беше прво обвинение и прва пресуда против познати личности за сексуална злоупотреба, од почетокот на глобалната кампања против сексуална злоупотреба, наречена #И јас.
Повеќе од 60 жени тогаш го обвинија Козби дека е жртва на неговите напади, но кривичната постапка се водела само поради нападот на Констанд, бидејќи во други случаи, кривичното гонење застарело.
Козби беше ослободен минатата година по укинување на пресудата од 2018 година.
Во укинатата пресуда тој беше прогласен за виновен за употреба на дрога и сексуална злоупотреба, на што обвинителството поднесе жалба минатата година.
Понискиот суд во образложението на укинувачката пресуда наведе дека на Козби му било ускратено правично судење.
Врховниот суд не ја образложи денешната одлука, туку на веб-страницата само објави дека жалбата на обвинителството е „отфрлена“.
Козби во одбрана изјави дека „средбата“ со Констанд била пријателска, а поради пресудата одлежал две години затвор.