Пенелопе Круз неодамна се појави на премиерата на филмот „Official Competition“ во Мадрид, а покрај убавината големо внимание привлече и вечерниот тоалет на актерката.
Имено, Пенелопе се појави во креацијата на Шанел, на кои често е наклонета, но овој пат не беше оценета како најдобар избор.
Актерката носи долг, црно-бел фустан со необичен принт, кој изгледа како стрип. Фустанот припаѓа на колекцијата на Шанел за 2021/2022 година и има вртоглава цена од дури 8.000 евра.
Како и обично, Пенелопе го претстави фустанот на совршен начин, но многумина оценија дека тој не е доволно свечен.
Погрешно или не, едно е сигурно – Пенелопе зрачи со голема енергија.