Актерката моментално престојува во Рим
Една од најубавите актерки на светот, Шарлиз Терон, моментално престојува во главниот град на Италија, а нејзиното појавување во сосема природно издание и без трошка шминка изненади многумина.
Имено, таа беше уловена на римските улици во лежерно издание, а бидејќи неодамна ја промени бојата на косата, целосно ги изненади сите. Од фатална русокоса стана бринета.
Сепак, фановите не се премногу воодушевени од нејзиното сегашно издание, бидејќи многумина коментираат дека никогаш не би ја препознале на улица.