Грдите црни дамки најчесто се појавуваат на фугите помеѓу плочките и по должината на рабовите на кадата или туш кабината
Секоја домаќинка знае колку е тешко да се исчисти мувлата. Освен што изгледа грдо, мувлата е опасна и по здравјето.
Во повеќето станови и куќи барем еднаш се појавила мувла во бањата, бидејќи таа просторија обично има најголема влажност.
Но, постои решение и за овој проблем. Можеби мислите дека трикот е во некое хемиско средство, но се лажете.
Течноста за чистење на мувлата можете да ја направите сами, а најдоброто е што ги имате сите потребни состојки дома.
Состојки:
2 дл жешка вода
50 гр сода бикарбона
3 лажици детергент
3 лажици алкохолен оцет
Истурете ја топлата вода во сад, а потоа додадете ги другите состојки и добро измешајте. Добиената течност истурете ја во шише со распрскувач, а потоа испрскајте директно на мувлата.
Оставете да отстои 10-15 минути, а потоа со сунѓер исчистете го местото што сте го испрскале.
Исплакнете сè со топла вода и избришете со сува крпа.
Постапката повторувајте ја двапати месечно за да спречите враќање на мувлата.