Како што се приближувале деновите на снимањето, Патинсон морал да внимава на секое нешто што ќе го конзумира.
Роберт Патинсон детално се подготвувал за улогата на Бетмен. Како што се приближувале деновите за сцени без кошула, актерот педантно „ги броел голтките вода“ и практикувал строга диета, пишува „Њујорк пост“.
Всушност, тој со месеци физички се подготвувал за улогата на Бетмен.
– Имав околу три месеци пред почетокот на филмот, а тогаш постојано вежбате пред и после работа – изјави тој во телевизиската емисија „Пипл“.
Како што се приближувале деновите на снимањето, Патинсон морал да внимава на секое нешто што ќе го конзумира.
Тој изјави дека сознанието дека ќе снима сцени без маица било вистински мотиватор.
Актерот изјавил дека бил емотивен моментот кога за прв пат го облекол оделото на Бетмен.
– Смешно е затоа што го читаш сценариото и поминуваш многу време обидувајќи се да разбереш: „Како можам да го играм овој лик кој прави такви смели акции? И колку повеќе се приближував до снимањето, толку повеќе станував параноичен – знаете, смешно е чувството кога само седите дома во маица – а потоа ќе го облечете костумот на Бетмен“, рече Патинсон.