Актерката Меган Фокс се расплака во неодамнешното интервју за Glamour UK додека зборуваше како нејзиниот најстар син Ноа (9) бил малтретиран на училиште.
Според мајката на три сина, нејзиното срце е скршено од суровоста на децата со кои нејзиниот син ги дели училишните клупи.
– Имам дете кое страда. Многу сум загрижена поради тоа, би сакала човештвото да не биде такво – изјавила Меган за својот деветгодишен син.
Актерката и претходно отворено зборуваше дека нејзиниот син сака да носи фустани.
– Дури и кога имаше само две години, тие му беа подраги од панталони – тврди Меган.
Во меѓувреме, како што изјавила за Гламур, има прочитано многу книги на оваа тема, вклучувајќи ги и оние напишани од трансродови деца.
Изборот на облека на неговиот син го гледа како негов начин на изразување.
– Некои од книгите велат дека можеш да бидеш момче и да носиш фустан. Можете да се изразите преку вашата облека како што сакате. Тоа дури и не мора да има никаква врска со вашиот род или сексуалност“, рече таа.
Таа додаде дека со години работела за да ги охрабри Ноа и неговите браќа, Џорнија и Боди, да го прифатат тоа што се. За жал, вели таа, други луѓе се тие кои имаат проблеми со личниот избор на нејзиниот син.
Таа истакна дека и го крши срцето што поради работата мора многу да патува и ги остава синовите.
– Посакувам да можам да ги земам со себе, тоа би ги олеснило работите. Тешко ми е, не само поради притисоците на општеството, туку и поради тоа што сум одвоена од нив. Тие се мојата ДНК – додаде таа.
Меган има три сина со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин. Во јануари нејзиниот дечко Машин Ган Кели ја запроси, а иако неодамна имаа затегнати односи на црвениот тепих, работите во меѓувреме се измазнуваат.