Неверојатни резултати
Лимонот може да се користи за подготовка на универзално средство за чистење. Во шише со распрскувач измешајте сок од еден лимон, 15 капки есенцијално масло од лимон и литар вода. Покрај чистењето, сокот од лимон успешно го отстранува бигорот од кујнските славини и прибор.
За да спречите таложење бигор, но и за полирање, кујнските чешми, мијалници, па дури и чаши повремено тријте ги со сок или парче лимон.
Попрскајте ја зафатената површина со растворот и оставете ја да отстои 15 минути. Четкајте ги најтврдокорните делови со стара четка за заби. Исплакнете со вода и секоја површина или предмет ќе блесне како да се купени вчера.