Ако сакате да изгледате убаво, како филмска дива, само треба да знаете како да се нашминкате правилно
Можете да постигнете прекрасен изглед, само ако следите неколку инструкции и трикови кои можете многу брзо да ги научите.
- Подлога
Пред да ја нанесете пудрата на кожата, потребно е на целото лице да се нанесе подлогата која истовремено ќе ги поправи сенките и руменилото. После тоа нанесете течна пудра, по можност со сунѓерче. Бојата треба да биде посветла од бојата на вратот, кој исто така треба да го покриете со пудра.
- Покривање
Тука доаѓа коректорот. Внимателно нанесете го на очните капаци, но и на други места на лицето кои бараат корекција.
- Светли контури
Нацртајте ја контурата на лицето со четка за пудра, односно засенчете ја.
- Ослободување од вишокот
Звучи збунувачки, но процедурата е за отстранување на вишокот пудра. Земете поголема четка и поминете со неа по целото лице, особено под очите.
- Очи и веѓи
Користете кафеав креон за засенчување или исцртување на веѓите. За очи како на мачка, користете ја техниката „smokey eyes“ со златно-кафени тонови. На крај, врамете ги очите со течен ајлајнер.
- Усни
Хит оваа сезона е бојата на коралите, а доколку сакате вашите усни да бидат апсолутно неодоливи, најдобро е карминот да го нанесете со четка.