Според правилата на Фенг Шуи, одамна е познато кои предмети во домот носат среќа
Според фенг шуи, скршени работи или работи што повеќе не ги користите, скршени апарати, исушени растенија, испукани садови и други работи не треба да се држат во куќата. Се верува дека таквите предмети само го уништуваат просторот, создаваат неред и не дозволуваат позитивната енергија да циркулира. Од друга страна, постојат предмети за кои се верува дека можат да привлечат добри вибрации – ви пренесуваме 5 работи што можеби веќе ги имате во вашиот дом, а кои не знаете дека се симбол на радост:
- Потковица
Долго време се смета за симбол на среќа. Обично потковицата се поставува над влезната врата од домот како еден вид амајлија.
- Фигура на слон
Симболизира мудрост и стабилност, а се верува дека можат да привлечат среќа, хармонија во домот и да ги зајакнат врските.
- Букет цвеќе
Свежото цвеќе не е само пријатно за око, туку и прилично позитивен симбол кој привлекува радост, среќа и просперитет.
- Мириси
Одредени мириси носат мир и стабилност, особено мирисот на темјан. Можете да користите и есенцијални масла за освежување на мирисот во просторијата – ароми на чајно дрво, цитрус, рузмарин и јасмин.
- Вода
Одлично е доколку во вашата куќа имате украсна фонтана или аквариум, како и било кој друг простор со вода. Ако не е така, тогаш можете да ставите сад со вода и да го украсите со камчиња и растенија. Важно е во овој случај да се менува водата секој ден – кога водата циркулира, според фенг шуи, енергијата на среќата и парите полесно циркулира низ домот.