Време е да ја подготвите кожата за потоплите денови.
Пилингот на лице е еден од редовните третмани, кој мораме да си го дозволиме барем еднаш неделно. Ја чисти кожата од површинскиот слој и ги отстранува старите и мртвите клетки.
Овој третман делува така што чисти, ја хидрира и и дава на кожата посвеж изглед, правејќи ја помека и помазна. По пилингот, вашата кожа ќе биде мазна, мека и сјајна. Покрај производите за пилинг кои можете да ги најдете на пазарот, можете да го направите и сами.
Ви носиме рецепт за миризлив пилинг од цитрус кој ќе ја подобри текстурата на вашата кожа и ќе ја подготви за првото сонце на кое ќе ја изложите.
Состојки:
1 лимета
1 лимон
2 лажици мед
половина чаша шеќер
бадемово масло
Подготовка и примена:
Исцедете ги лимонот и лиметата, додадете две лажички мед, шеќер и малку бадемово масло. Сè убаво измешајте и нанесете со кружни движења на телото. Исплакнете со топла вода.