На кои детали треба да обрнете внимание
Иако никој не може со сигурност да каже дека потенцијалниот прељубник може да се открие навреме и да се спречи, факт е дека постојат бројни детали кои можат да ни укажат на „проблематичното“ однесување на партнерот.
Секој кој бил прељубен знае колку болка носи, а и колку ја уништува самодовербата.
А како мала помош може да послужи истражувањето на експертот за врски Метју Хаси, кој истакнува дека постојат три типа на луѓе кои се најмногу склони кон љубовно изневерување.
- Нарциси
Луѓето со нарцисоидно растројство на личноста обично изневеруваат за да си докажат колку се пожелни. Љубовта и вниманието на една личност не им се доволни бидејќи тоа не укажува на нивната супермоќ.
Нарцисите често не се грижат за туѓите чувства, лесно можат да манипулираат со вас и да ви ја префрлат вината, дури и во случај на прељуба. Затоа, со овие луѓе треба да се биде посебно внимателен.
- Несигурни луѓе
Секој од нас има одредени несигурности, но не се работи за тоа, туку за длабоко вкоренети комплекси кои го прават човекот несигурен во врската во која е и затоа бара нова поддршка од страна.
Тоа се луѓе кои постојано бараат од вас да ја потврдите љубовта, дури и ако давате се од себе за да ја развиете вашата врска.
- Егоисти
Хаси смета дека ова е најопасниот тип на личност кога е во прашање неверството. Овие луѓе често немаат всадени вистински вредности и морални принципи, па затоа генерално не се грижат да ги повредат туѓите чувства. Иако знаат дека нивното изневерување негативно влијае на односот со партнерот и неговите чувства, тие се премногу преокупирани со нивното задоволство за да се справат со туѓите чувства.
Љубовта не е страдање и непочитување, туку искрена животна радост што треба да се негува. Не се согласувајте со ништо помалку од тоа, бидејќи заслужувате само љубов полна со почит, убави емоции и поддршка.