Познатите мин здолништа повторно ќе доминираат на модната сцена
Откако беа популаризирани од Мери Квант во шеесетите, мини здолништата како симбол на младоста и слободата не излегоа од мода, а парчето облека ќе биде задолжително во претстојната сезона.
На ревиите на познатите модни брендови за сезоната пролет/лето 2022 беа претставени мини здолништа во различни дизајни, текстури и бои, а дизајнерите истакнаа дека секоја жена треба да има барем едно во својот гардеробер.
Мини-здолништата не се резервирани само за вечерни излегувања, туку со правилна комбинација со друга облека можете да ги носите речиси во секоја пригода. Ги има во различни стилови и кроеви, а веруваме дека во оние што ги одбравме ќе го најдете оној кој ви одговара.
- Кожно здолниште
- Тексас е секогаш во тренд
- Карирано е безвременски принт