Шарон Бел од Хертфордшир е обвинета дека го прогонува Дејвид Бекам и неговото семејство, пишува „Дејли меил“.
Следната недека ќе се појави на суд за да со соочи со обвиненијата.
Портпаролот на метрополитенската полиција потврдил дека Бел е обвинет за прогонување.
„Прекршоците се случиле помеѓу јули и октомври 2021 година. Бројни писма биле испратени до семејството и биле предмет на многу несакани пристапи дома и на училиште“, вели тој.
Имено, 58-годишната жена минатата година се појавила во училиштето во кое посетувала 10-годишната ќерка на Бекам, Харпер, сакајќи да ја запознае.
Шерон, наводно, се обидела да стапи во контакт со семејството Бекам уште во 2016 година, кога тврдела дека е мајка на едно од четирите деца на Дејвид Бекам.
Во моментов ѝ е забрането да биде на 500 метри од вилата на семејството Бекам во Оксфордшир и училиштето во кое учи Харпер.