Ако сте ја исфрлиле завесата од туш кабината веднаш штом сте забележале мувла, не треба повеќе да го правите тоа
Со неколку добри трикови завесата ќе биде како нова.
Завесата е полна со бактерии, но постојат начини како да се ослободите од досадните дамки.
Можете да измешате сода бикарбона и оцет и да ја оставите завесата да отстои некое време. Кога ќе ги измешате овие две состојки ќе забележите хемиска реакција, но тоа не треба да ве загрижува. Кога завесата ќе отстои, ставете ја во машината за перење. Клучно е да ставите неколку крпи при перењето, не користете омекнувач во овој процес.
Ако ова не функционира, едноставно белило може да помогне. Завесата можете да ја чувате во раствор од вода и избелувач некое време или едноставно да нанесете белило на дамките. Потоа ставете ја завесата во машината за перење.