Дали Клара веќе падна во заборав? Пике снимен со поранешната девојка на Кристијано Роналдо (ВИДЕО)

popara20 јануари, 20231min00
Screenshot_3

Очигледно Пике лесно ги надмина љубовните маки кои му ги задава поранешната сопруга Шакира. Ако некој само помисли дека фудбалрот се нервира, фактите го покажуваат спротивното.

 

 

 

 

Моментно престојува во Париз каде што „тркна“ за да го гледа кошаркарскиот натпревар помеѓу Чикаго Булс и Детроит Пистонс.

 

А таму се сретна со топ моделката Ирина Шајк.

 

Познатите срдечно се поздравија, потоа се прегрнаа и се фотографираа заедна, па се разотидоа, а средбата на ѕвездите се најде на видеото кое беше објавено на Јутјуб каналот Adore Luxy.

 

Ирина Шајк не е само љубителка на спорт која често може да се види особено на фудбалските и на кошаркарските натпревари, туку на тој начин таа се запозна со португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо. Нивната романса започна во 2010 година, но по пет години врска се разделија.

 

Жерар Пике во последно време е во центарот на медиумското внимание поради пресметката со неговата поранешна партнерка, пејачката Шакира. Ѕвездата не можеше да го прости неверството на фудбалерот и му посвети песна преку која го направи лом и него и неговата сегашна партнерка Клара Чиа: според пејачката, Пике „го сменил Ферарито со Рено Твинго, а Ролексот во Касио“.

 

Но очигледно, не дека текстот нешто посебно го „потресе“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma