Еве како да ја препознаете АНЕМИЈАТА: Еден од ПРВИТЕ симптоми е заморот

18 март, 20230
41631_shutterstock-1311350555_f

Нивото на железо во телото може да се намали како резултат на загуба на крв, која може да биде акутна или хронична

Анемијата е состојба која подразбира недостаток на црвени крвни зрнца и нивните градежни блокови, односно хемоглобин во крвта.

Главната причина за анемија е недостатокот на железо, кое е од функционално значење за организмот.

Исто така, причините за недостаток на железо може да бидат лошата исхрана, интензивната физичка активност, нарушувањата на дигестивниот систем (како Кронова болест) или употребата на одредени лекови.

Факт е дека многу луѓе не можат навреме да ја откријат анемијата, што може да доведе до посериозни здравствени проблеми. Во исто време, симптомите на анемија се многу непријатни и можат да го попречат секојдневниот живот.

Се проценува дека анемијата е најчестиот здравствен проблем кај околу една третина од светската популација. Недостатокот на железо е особено карактеристичен за жените за време на бременост и доење, кога е неопходно да се надокнади со храна. Децата, како и луѓето со хронични заболувања, исто така се изложени на поголем ризик.

Главните симптоми на анемија се замор, слабост, бледа кожа, вртоглавица, несвестица, гадење, главоболка, отежнато дишење, болка во градите, студени раце и нозе, како и нарушувања на отчукувањата на срцето (тахикардија).

Во случај да се сомневате дека на вашето тело му недостасува железо, треба да направите целосна анализа на крвта, која вклучува анализи на железо, витамин Б12, фолна киселина, феритин, трансферин, хемоглобин и друго.

Покрај суплементите кои се неопходни за лекување на анемија, од пресудна важност секако ќе биде и исхраната. Во исхраната треба да внесете оброци кои ќе содржат што повеќе железо. Во вашето мени треба да доминира храна како што се: печурки, сушено овошје, жолчки од јајце, риба (особено туна), ротквици, месо (особено пилешко и мисиркино). Со готвење на храна во железни тенџериња, можно е да се зголеми количината на железо во храната за 20 проценти.

Доколку користите алуминиумски, пластични или садови од нерѓосувачки челик за подготовка на храната, можно е нивото на железо во храната значително да се намали. Исто така, на лицата со анемија им се препорачува да јадат повеќе какао бидејќи содржи 15 мг железо на 100 грама производ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *