Емилија Кларк, Денерис од „Game of Thrones“, откри дека не сака да ја гледа новата серија „House of the Dragon“

24 јануари, 20230
emilia-clarke-830x0

Актерката Емилија Кларк, позната по улогата на Денерис Таргариен во „Game of Thrones“, призна дека не сака да ја гледа „House of the Dragon“ (приквел на „Игра на тронови“).

„Едноставно не можам да ја гледам. Ми се чини чудно и необично“, изјави Емилија Кларк во интервју за Variety, а потоа објасни и зошто.

“Не можам. Простете ми, чудно е да го гледам тоа. Мило ми е што серијата се снимаше и освои награди, но не можам да ја гледам. Тоа е како некој да те покани на дипломска забава што не е твоја, така се чувствувам. Избегнувам да го гледам тоа шоу“, изјави актерката, која е номинирана за 4 награди Emmy и 3 Critics’ Choice Awards за улогата на Денерис Таргариен.

Што се однесува до „House of the Dragon“, таа доби номинација за најдобра драма на наградите Golden Globes. Станува збор за најгледаната серија во историјата на HBO, а само пилот епизодата првата вечер ја погледнале 9,9 милиони луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş