Како безбедно да одмрзнете пилешко: Еден начин е најприкладен

25 јануари, 20230
shutterstock1416372944-830x0

Колку пати ви се случило да сакате набрзина да подготвите пилешко јадење, а месото да е во замрзнувач?

Правилното одмрзнување е многу важно за нашето здравје, бидејќи болестите кои се пренесуваат преку несоодветно третирана храна се опасни и се предизвикани од соеви на бактерии кои можат да се најдат во сировото месо од живина – стафилокок, салмонела, ешерихија и листерија.

Правилната практика на одмрзнување и подготовка на пилешко на температура од 74 степени Целзиусови во голема мера ќе ги намали ризиците.

Што да не се прави:

1. Никогаш не го одмрзнувајте месото на пултот во кујната. Бактериите брзо се размножуваат на собна температура.

2. Не го плакнете пилешкото под млаз вода, бидејќи бактериите влегуваат во кујната, што може да доведе до вкрстена контаминација.

Експертите најчесто ги препорачуваат три начини на одмрзнување на пилешкото месо, иако пилешките јадења може да се подготват и со замрзнато месо.

– Микробранова печка

Ова е најбрзиот метод, но има едно нешто што не треба да заборавите: згответе или испечете го пилешкото веднаш штом ќе го одмрзнете на овој начин.

Имено, микробрановите го загреваат пилешкото месо на температура од 4,4 до 60 Целзиусови степени, при што бактериите напредуваат. Затоа само готвењето или печењето на пилешкото на вистинска температура ќе може да убие потенцијално опасните бактерии.

– Ладна вода

Наполнете голем сад или мијалник со ладна вода и спуштете го пилешкото месо кое претходно го ставивте во херметички пластична кеса. Променете ја водата на секои 30 минути.

Ќе бидат потребни два до три часа за безбедно одмрзнување на пилешкото.

– Фрижидер

Овој метод одзема најмногу време, но е и најзгодно за повеќето домаќинки. На пилешкото обично му треба цел ден да се одмрзне, затоа планирајте ги оброците однапред. Откако ќе се одмрзне, пилешкото може да се стави во фрижидер ден или два пред да се готви или пече.

– Воопшто не го одмрзнувајте

Безбедно е да се подготват јадења од пилешко дури и пред да се одмрзне месото. Но, овој начин на подготовка има негативна страна – ќе ви треба најмалку 50 отсто повеќе време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş