НЕ СЕ СЛУЧУВА СЛУЧАЈНО Еве што значи ако мачка ви легне на стомакот

Дека домашните миленици позитивно влијаат на расположението одамна е познато. Но, тие влијаат и на физичкото здравје.
Мачките предат кога се среќни и задоволни. Звукот што се испушта при предењето се движи на фреквенција од околу 15 до 25 херци, а научните студии потврдиле дека тој звук може позитивно да влијае на здравјето на човекот.
Еве што сè прави за вашето здравје предењето на мачките:
Благодарение на ниската фреквенција на предењето, кога мачката ќе ви легне на стомакот, доаѓа до опуштање на телото и умот.
Со пренесувањето на фреквенцијата на човечкото тело се снижува хормонот на стресот и лицето е посреќно и поздраво.
Истражувањата покажале дека кога мачката преде, доаѓа до побрзо зараснување на скршениците на коските бидејќи вибрациите на фреквенција од 25 до 50 херци го забрзуваат зараснувањето на коските.