ОВИЕ 3 НАВИКИ ЈА УНИШТУВААТ ВАШАТА КОСА! Особено во зима

25 јануари, 20230
627020_devojka_f

Доколку не ја сушите косата целосно, не користите производи за нега и ја миете со жешка вода, најверојатно имате проблем со суви врвови.

Доколку сакате да ја зачувате косата во студените денови, можете да започнете со наједноставните трикови. Елиминирајте ги лошите навики кои можат прилично да ја оштетат вашата коса.

Ви ги откриваме трите најлоши навики кои ја уништуваат вашата коса во зима:

Излегувате надвор без целосно да ја исушите косата

Спротивно на популарното верување, можеби нема да се разболите од настинка, но речиси гарантирано ќе ја уништите косата. Кога излегувате на ладно со мокра коса, на косата се формираат кристали кои ја уништуваат структурата на влакното. За да ја заштитите косата од оштетување, експертите советуваат да ја миете навечер за да има време целосно да се исуши по обликувањето. Ако користите фен за коса, користете средство за заштита од топлина.

Не користите доволно производи за нега

Во зима, косата страда од недостаток на влага. Вклучете маски и серуми со навлажнувачки ефект во вашата нега. Зимата е најдобро време да ги испробате маслата за коса. Овие производи ја негуваат и делуваат како бариера која ја штити косата од негативните ефекти на сувиот воздух и мразот. Земете мала количина масло на дланката (не повеќе од големина на зрно грашок) и распоредете го по целата должина на вашата коса. Ова ќе помогне да се заштити вашата коса од дехидратација и да се отстрани статичкиот електрицитет.

Ја миете косата со жешка вода

Врелата вода не ја оштетува само косата, туку и скалпот, предизвикувајќи зголемено лачење на себум и првут. Исплакнете ја косата со топла до млака вода.

Заборавете на екстремите – премногу топла и премногу ладна вода се штетни. Екстремните состојби можат да предизвикаат непоправлива штета на косата, за што ќе бидат потребни многу време и пари за да се обнови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi