Сакате да пиете кисела вода? Истражувања дадоа одговор на прашањето како таа влијае на организмот

Малкумина се оние кои избегнуваат кисела вода, додека поголем дел од луѓето сметаат дека таа позитивно влијае на варењето, ги ублажува мачнините, мамурлакот и слично.
Американскиот сајт Healthline, кој се занимава со здравјето и влијанието врз здравјето на различните намирници и пијалоци, ги објави резултатите од студијата за потрошувачката на кисела вода.
За разлика од другите газирани пијалоци, киселата вода не содржи шеќер, а се покажало дека позитивно влијае и на процесот на варење.
Резултатите од некои истражувања потврдија дека постои корелација помеѓу консумирањето кисела вода и намалувањето на проблемите со запек и подобрувањето на работата на срцето, како и намалувањето на нивото на лошиот холестерол и шеќерот во крвта. Сепак, резултатите не се целосно потврдени.