Секојдневното земање на мултивитамини го подмладува мозокот: Научниците открија како делува на помнењето

26 мај, 20230
capsule-10798381920-830x0

Студијата на повеќе од 3.500 луѓе постари од 60 години потврди дека земањето мултивитамини дневно во текот на една година може да го подмлади умот за три години, што директно влијае на меморијата.

На крајот од студијата, на испитаниците им беше даден список од 20 зборови и од нив беше побарано брзо да напишат сè што ќе запомнат. Оние кои земале мултивитамин се сеќавале во просек на 7,81 збор – 0,7 повеќе отколку на почетокот на студијата, а учесниците на кои им било дадено плацебо, т.е. „лажна пилула“, запаметиле 7,65 зборови.

Иако наодите поттикнуваат надеж дека луѓето кои земаат мултивитамини подобро ќе ги паметат имињата на луѓето откако ќе ги слушнат, потребни се повеќе истражувања, бидејќи претходните студии покажаа мешани резултати за тоа дали витамините ја подобруваат меморијата на луѓето.

Авторите на студијата процениле дека луѓето на мултивитамини покажуваат помнење типично за три години помлади луѓе. Сепак, тие признаваат и дека ефектите биле толку мали што самите луѓе не забележале забележлива разлика во нивната меморија.

– Кај постарите луѓе губењето на меморијата и когнитивните способности е голем здравствен проблем и има многу малку начини за негово решавање. Нашата студија сугерира дека мултивитамините може да имаат мал, но значаен ефект, иако се потребни повеќе истражувања – вели Адам Брикман, автор на студијата.

Мултивитамините можат подобро да делуваат кај луѓе со кардиоваскуларни болести, кои страдаат од недостаток на истите, бидејќи оваа група имала посилно подобрување на меморијата, покажала понатамошната анализа.

Некои експерти веруваат дека недостатокот на хранливи материи може да предизвика мали промени во мозокот што витамините можат да ги спречат.

– Иако мултивитамините генерално се безбедни за здравјето, луѓето секогаш треба да се консултираат со лекар пред да одлучат да ги земаат – изјави д-р Брикман, цитиран од „Дејлимејл“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *