Стоматолог објаснува: Погрешно го користите конецот за заби, доволно е еднаш дневно, еве и кога!

popara21 јануари, 20231min00
floss-6682151920-830x0

Повеќето луѓе мислат дека направиле се за хигиена на забите откако ги четкале двапати дневно.

Иако многу стоматолози препорачуваат користење на конец, оние кои одвојуваат време за овој екстра хигиенски метод често го прават тоа погрешно.

Во интервју за „The Sun“, доктор Каилеш Соланки, стоматолог од Манчестер, изјави дека никогаш не треба грубо да го движиме конецот нагоре-надолу за време на чистењето.

– На тој начин вршиме притисок на непцата. Наместо тоа, нежно поминете со конец на страните, предниот и задниот дел на секој заб и под непцата за да ги отстраните остатоците од храна.

Исто така, тој вели дека не треба да користиме ист дел од конецот за чистење на повеќе од една празнина меѓу забите, бидејќи на тој начин само ќе ги преместуваме остатоците од храна од едно место на друго.

Како што вели, најголемата грешка е кога пациентите се откажуваат од користењето на забен конец бидејќи им крварат непцата, што всушност е знак дека треба да продолжиме со четкањето.

– Крварењето ќе престане по неколку дена – додава тој.

Лекарот препорачува чистење со забен конец еднаш дневно пред спиење и пред четкање, за да може флуоридот да ги покрие сите делови на добро исчистените заби.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma