Мажи, пената за бричење можете да ја направите и сами: Потребни ви се само неколку состојки

popara21 јануари, 20231min00
muskarac-2048x1366

Иако постојат различни пени за бричење, секогаш е подобро да користите природни кога можете.

Како што постојат различни маски за лице за жени, постојат и природни рецепти за пена за бричење за мажи.

Еве како да го направите.

Потребни состојки:

½ чаша кокосово масло
½ чаша шеа путер
¼ чаша бадемово масло
2 капсули со витамин Е
1 ½ лажица сода бикарбона
10-15 капки есенцијално масло по ваш избор

Во сад истурете шеа путер и кокосово масло и стопете ги на пареа. После тоа, се мешаат со бадемово масло, витамин Е и есенцијални масла. Ставете ги во фрижидер целосно да се стегнат. После тоа, извадете ја смесата од фрижидер, додадете сода бикарбона и изматете со миксер да добие пена. Префрлете се во помала стаклена тегла и готово.