СТРАШНА ИСПОВЕД НА ПАРИС ХИЛТОН! Ме малтретираа, ме дрогираа, ме тепаа, ме ставаа во самица – 3 години пекол во интернат!

6 март, 20230
Screenshot_9

Парис Хилтон открила дека била жртва на сексуално злоставување кога како тинејџерка била испратена во контроверзниот интернат „Provo Canyon School“ во Јута за проблематични млади лица.

 

 

Популарната наследничка родителите ја испратиле во спомнатиот интернат во обид да го исправат нејзиниот бунтовнички дух и проблематично однесување, но никој не очекувал дека Парис во истиот тој интернат ќе го доживее својот најтежок период од животот. Во своите мемоари таа се осврнала на тоа дека во тоа училиште понекогаш била дрогирана, а потоа и злоставувана.

 

„Би голтнала капсула и би гледала во ѕидот со беспрекорна маска на модел од писта. Што и да ми даваа, знам дека се чувствував како главата да ми е одвоена од телото. Тоа ме исплаши, па умеев да ги ставам капсулите под јазик и да чекам шанса да ги плукнам. Вработените во интернатот имаа свои фаворити. Тоа секогаш беа убавите девојки. Но, не мислам дека стануваше збор за убавината. Мислам дека тоа беа слаби луѓе во надворешниот свет, мажи и жени кои уживале во моќта која ја имаа над нас. Ме одведоа во амбуланта и ме натераа да легнам на масата. Ме натераа да ги раширам нозете за нивните дебели прсти. Доколку се противев, секогаш тука имаше послужавник со шприцови. Не знам што имаше во нив, но видов дека децата паѓаа на под во моментот кога тоа ќе им го вбризгаа“, го опишала Парис своето искуство.

 

Таа и претходно зборувала за страшното искуство во документарецот „This is Paris“. Тогаш кажала дека вработените во интернатот им давале таблети за смирување, ги фрлале во самици како да се во затвор, а немале приватност дури ниту кога се туширале – тогаш вработените ги надгледувале.

 

Таа истакнала дека константно биле мачени и понижувани, а и дека таа добивала ќотек и лекови.

 

„Бев дете, а ме фрлаа во самица, ме тепаа, понижуваа и ме гледаа гола“, раскажала таа.

 

Парис пораснала живеејќи во њујоршки хотел „Woldorf Astoria“ со родителите Рик и Кети Хилтон и помладите браќа и сестра.

 

На 15 години родителите ја испратиле во „тераписки“ интернат поради проблематичното однесување, односно бегање од дома и одење во ноќни клубови без дозвола.

 

Таа одела во четири различни интернати пред засекогаш да ги напушти на 18 години. Истакнала дека родителите не знаеле дека била злоставувана затоа што била трауматизирана и верувала дека доколку го каже тоа никогаш нема да може да го напушти интернатот.

 

Таа се присетила дека вработените среде ноќ ја буделе и ја држеле за раце, по што со сила ќе ја одведеле од собата.

 

„Цврсто спиев во 4 и 30 наутро кога вратата од мојата спална соба се отвори. Дебела рака ме зграби и ме одвлече. Веднаш се разбудив и се најдов во паника. Мислев дека ќе бидам силувана, убиена. Еден човек ја стави испотената дланка врз мојата уста, ме повлече. Друг имаше лисици“, пишува во мемоарите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi