Авиокомпанија воведе „зони без деца“ и предизвика бурни реакции: „Научете ги децата како да се однесуваат“

popara9 ноември, 20231min00
67130_shutterstock-1510583762_f

Турска авиокомпанија објави дека во своите авиони воведува „зони без деца“, што предизвика многу дискусии на интернет.

Додека некои ја поддржуваат оваа идеја, други сметаат дека е чудна и неприфатлива.

„Авиокомпаниите очигледно размислуваат да воведат зони без деца во авионите, но навистина е тажно колку малку луѓето имаат толеранција за бебињата и децата. Толку многу што се однесуваат како да не припаѓаат во јавноста“, се вели во објавата со која започна дебатата.

Стотици луѓе го споделија своето мислење на оваа тема.

“Забележав дека луѓето се лути на децата во јавноста повеќе од кога било досега. Обично им се смееме, но сега тоа се менува. Чудно е и тажно”, напишала една личност.

Има и такви кои веруваат дека денешните родители не ги учат своите деца како да се однесуваат во јавност.

„Мислам дека се што се случува е мотивирано од промени во родителството. Кога бев тинејџер, децата беа воспитувани сосема пристојно. Денес има се повеќе непристојни деца, а нивните родители не се симнуваат од телефонот “, стои во еден од коментарите.

„Наместо да се жалите на луѓето кои лошо реагираат на однесувањето на децата, фокусирајте се да ги научите вашите деца како да се однесуваат во јавност“, се согласи друго лице под објавата.

Компанијата „Корендон“ откри дека делови од нивните авиони ќе бидат наменети само за возрасни, што значи дека на малите деца ќе им биде забранет влезот во нив. На летовите меѓу Амстердам и островот Курасао, предниот дел на авионот е веќе физички одвоен од остатокот од авионот.

„Ѕидовите и завесите создаваат заштитена средина што придонесува за мирен и релаксиран лет“, објаснуваат од компанијата, додавајќи дека зоната за возрасни има девет XL седишта со дополнителен простор за нозете и 93 стандардни седишта.

Резервација на места во зоната за возрасни е можна само за лица над 16 години и чини 45 евра во стандардната зона и 100 евра во зоната XL.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma