Ако ВАКА ја ЧУВАТЕ теглата, никогаш нема да се створи мувла на вашата храна, иако сте ја отвориле одамна!

4 јуни, 20230
676

Жена од Велика Британија сподели супер трик со чија помош нема да се расипе храната во теглите, односно во нив нема да се формира мувла – а експертите потврдуваат дека тоа делува. Ова е еден од оние кујнски трикови што не чини ништо, а носи големи придобивки!

Имено, таа ги превртува сите тегли наопаку, и вели дека со овој метод заштедува пари и го спречува фрлањето храна.

„Откако ќе ја отворите, вратете ја теглата во фрижидер, но превртете ја наопаку. Ова ќе го спречи формирањето на мувла! Ќе заштедите пари и време“, напиша таа.

Други корисници и се заблагодарија за овој совет, а еден сподели како го пробала трикот со сос од домати и не се расипал.

Можеби мислите дека овој метод ќе направи внатрешноста на фрижидерот да изгледа неуредно, но експертите велат дека ова е одличен начин за складирање на храната, бидејќи кога ќе ја превртите теглата наопаку, многу малку воздух влегува внатре и речиси е невозможно да се расипе.

Уште еден совет е секогаш да земате храна од теглата само со чист прибор и да ја држите отворена што е можно пократко време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *