Алек Болдвин виден за прв пат по обвинението за ненамерно убиство: Актерот го крие лицето од репортерите (ФОТО)

popara21 јануари, 20231min00
8b3d2b36e1aace5d6b33c23a25832a942d1f2717

Алек Болдвин се обиде незабележано да помине низ Њујорк откако беше потврдено дека ќе се соочи со обвинение за убиство од небрежност

Актерот (64) случајно испукал куршум од пиштол на сетот на филмот  „Rust“ во ноември 2021 година, при што ја уби кинематографката Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуза. По истрагата што траеше повеќе од една година, окружниот обвинител на Ново Мексико, Мери Кармак-Алтвис, во четвртокот откри дека ќе бидат поднесени обвиненија против актерот и жената задолжена за реквизитите, Хана Гутиерез-Рид. Адвокатот на Болдвин вети дека ќе се бори против обвиненијата и ја опиша одлуката како „ужасен пропуст на правдата“.

Холивудската ѕвезда сега е видена за прв пат, еден ден откако обвиненијата беа објавени во јавноста. Главата му била наведната надолу додека влегувал во деловна зграда во центарот на Њујорк, обидувајќи се да го задржи лицето скриено со хартии.

Болдвин сè уште не се огласил по повод покренување на обвинението, а се очекува тоа да го стори во наредните денови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma