Алек Болдвин стана дедо: Внуката доби име по една европска земја

20 мај, 20230
19e66a3d6e53f3260d5854532b4daf3abd86c6a9

Се породи ќерката на познат холивудски актер

Ќерката на Болдвин откри и какво име му дала на своето новородено девојче.

Ќерката на Алек Болдвин, Ајрланд, позната манекенка и актерка, роди ќерка.

Таа и музичарот „RAC“ добија ќерка со која набрзина се фотографираа за социјалните мрежи, па на сите им ја соопштија радосната вест.

– Холанд – ја потпиша објавата Ајрланд и на тој начин, според странските медиуми, открила какво име му дала на новороденото девојче.

Со овој потег таа воодушеви многумина, со оглед на тоа што сега и мајката и ќерката носат имиња на држави (Ирска и Холандија).

Ајрланд, инаку, е ќерка на Алек од бракот со Ким Бесинџер. Таа се прослави откако во 2013 година потпиша договор со „IMG Models“, а истата година беше фотографирана во костим за капење за „Њујорк пост“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi