Архитектонско ремек-дело: Куќа во која вториот пат се ротира за 360 тепени!

popara24 јуни, 20231min00
62574145-rotirajuca-kuca-u-san-diegu-u-sad-u

Ротирачката куќа лоцирана во Калифорнија во Соединетите Американски Држави многумина ја нарекуваат архитектонско ремек-дело. Обезбедува уникатно животно искуство, комбинирајќи функционалност, луксуз и одлична локација.

Изградена е во 2004 година на планината Хеликс во Ла Меса, Сан Диего, зафаќа околу 430 метри квадратни простор, а нуди неверојатен поглед на околината благодарение на панорамските прозорци, но и неверојатниот механизам за вртење.

Иновативниот имот има ротирачка структура која му овозможува на вториот кат да ротира цели 360 степени, давајќи им на сопствениците можност да ја прилагодат околината на нивните сопствени преференции. Целосната ротација може да трае 33 минути или до 24 часа, во зависност од вашите преференции.

Можноста за превртување на структурата не е само љубопитност да се подигне цената на имотот. Напротив, служи и за практична цел, овозможувајќи им на сопствениците да ја оптимизираат природната светлина и да ги искористат предностите на панорамскиот поглед од секој агол.

Прекрасниот дом има четири спални соби и исто толку бањи, како и пространа дневна соба, кујна и трпезарија. Во склоп на имотот има тераса, мал терен за голф и паркинг за шест автомобили.

Вилата што се врти за прв пат е ставена на продажба откако е изградена, а нејзината цена е 5,3 милиони американски долари или околу 4,9 милиони евра. Како изгледа ротирачка вила во Калифорнија дознајте во фотогалеријата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag