Барби розовата е боја која е апсолутен хит оваа сезона: Не се плашете да експериментирате!

popara6 јуни, 20231min00
1685955961393-shutterstock100522288-830x0 (1)

Во минатото, барби розовата боја беше резервирана за девојчиња и многу смели дами. Но, благодарение на филмот „Барби“, со Маргот Роби и Рајан Гослинг во главните улоги, за кој се предвидува огромен успех, модната индустрија ја врати оваа боја во мејнстримот.

Впечатлива розова до циклама нијанса е одличен начин да бидете забележани. Без разлика дали ќе изберете додаток, фустан, штикли или дури и кармин во оваа нијанса, знајте дека сите погледи ќе бидат вперени во вас.

Иако на русокосите и бринетите најдобро им стои поради контрастот на боите, на секоја дама и препорачуваме да се осмели да облече барем едно парче облека во оваа нијанса.

Чевли

Секое лето ни се задолжителни сандали, а годинава подебелите штикли со платформа и плута направија големо враќање. За кој тип на потпетици и да се одлучите, ве советуваме да се охрабрите и да ја изберете оваа смела боја, особено ако носите црна или бела облека.

Контрастот ќе биде нереален.

Торба

Ако вашиот аутфит е монохроматски, најдобар начин да го „разбиете“ е да понесете циклама чанта.

Не двоумете се да експериментирате со обликот; само затоа што бојата е силна, не значи дека формата мора да биде минималистичка.

Играјте си со стилот!

Фустан

Доколку сте „фатиле“ малку боја на плажа, задолжително купете фустан во оваа нијанса.

Ќе истакне апсолутно сè што ви треба, без оглед на материјалот и кројот што ќе го изберете.

Кармин и нокти

Иако повеќето од нас ја сакаат розовата боја кога е карминот во прашање, најчесто ја практикуваме во понежни нијанси бидејќи изгледа поелегантно.

Меѓутоа, доколку планирате гала вечер или излегување во клубот, слободно одлучете се за посветла верзија.

Исто така, можете да се вратите на тинејџерските денови и да се „подмладите“ избирајќи гел или лак во оваа боја.

Комбинезони

Неодамна, на настан на кој се собрало целото семејство, ќерката на кралицата Летиција облекла комбинезон во светли бои, кој правилно покажа како розовата им одговара на девојките со светол тен.

Можностите се бескрајни, сè што треба да направите е да се ослободите и да ја пуштите вашата фантазија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag