Најпопуларната меѓународна дестинација е престолнината на Обединетото Кралство

6 јуни, 20230
1647824938949-foto-pixabay-12019-830x0

Се чини дека американските граѓани ова лето прво ќе го поминат во главниот град на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Ова го покажуваат податоците на американската авиокомпанија „Delta Air Lines“.

Анализата на податоците од ноември минатата година до март оваа година и за патувањата од јуни до август, покажа дека патниците прво го бараат Лондон повеќе од која било друга дестинација, посочува „Travelandleisure“.

Веднаш по британската престолнина, на листата е едно од најпознатите одморалишта во Мексико – Канкун. Потоа следуваат европските градови Париз и Рим, а потоа Токио.

Меѓу првите десет најбарани дестинации во светот се најдоа: Амстердам, Монтего Беј во Јамајка, Атина, Лос Кабос во Мексико и одморалиштето на Доминиканската Република, Пунта Кана.

Во текот на претходниот месец, споменатата американска компанија официјално објави дека 75 отсто од меѓународните летови се веќе резервирани. Затоа се очекува продажбата на авионски билети за светските дестинации „да го достигне максимумот во последните пет години“. Причините за тоа се комбинација од неколку фактори, како голема побарувачка и помала понуда, како и високите трошоци за гориво.

Сепак, иако цените на авионските билети се повисоки, тоа не ги спречи патниците да резервираат. Неодамна „Tripadvisor“ спроведе истражување, чии податоци покажуваат дека 82 отсто од испитаниците планираат да патуваат во следните три месеци. А дури 60 отсто од учесниците во таа студија изјавиле дека ќе потрошат повеќе пари во споредба со минатото лето.

А за да можат да заштедат за време на патувањето, на патниците им се дава можност внимателно да ги разгледаат датумите.

Како што истакна Алис Јонг, виш аналитичар за истражување и медиумски увид во „Tripadvisor“, на пример, во периодот од 19 до 25 јуни годинава, цените на хотелите во француската престолнина се најниски, додека во периодот меѓу 28 јуни август и 3 септември Лондон исклучително прифатлива.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *