Без брашно, јајца и масло: Брауни колач од банана и чоколадо за кој не ви треба ниту една друга состојка

26 мај, 20230
62553785-brownies-od-banane-i-cokolade

Секогаш кога јадете леб од банана, посакувате да има малку чоколадо во него? Ова е рецептот за вас. Да не знаевте, немаше ни да забележите дека јадете брауни без брашно. Совршената комбинација на вкусови на банана и чоколада и совршено кремаста средина на колачот ќе ве освои.

Ќе ви треба многу помалку време за подготовка отколку за класичните брауни колачи, а шансите да не испаднат добро се нула. Единствено на што треба да внимавате е изборот на чоколадо: користете чоколадо за готвење, а не млечно и колачот ќе се стегне нормално.

Бананата често се користи и во кондиторски производи наместо јајца бидејќи многу добро се врзува. Користете многу зрели банани и испасирајте ги со рачен миксер или во блендер за да добиете крем без парчиња.

Послужете ги колачите топли. Може да ги загреете и во рерна или во микробранова печка кога ќе се изладат.

Состојки:

350 гр чоколадо за готвење
235 гр испасирани банани (3 банани)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 °C. обложете го плехот со хартија за печење.
Чоколадото растопете го на пареа или во микробранова печка.
Во растопеното чоколадо додадете ги испасираните банани и матете со жица додека смесата не се изедначи.
Истурете ја смесата во садот за печење и печете 35 до 40 минути, додека рабовите на колачот не почнат да се одлепуваат од страните на садот.
Оставете го колачот на собна температура да се стегне (половина час до еден час) пред да го исечете и послужете го додека е топол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi