БЕЗ РАЗМИСЛУВАЊЕ МУ ГО ПРОСТИЛА НЕВЕРСТВОТО, НО ОВА НЕ МОЖЕШЕ ДА ГО ПРЕБОЛИ: Нови детали за НАЈПОЗНАТИОТ РАЗВОД

18 март, 20230
Screenshot_4

Кога Џенифер Анистон ги снимала последните сцени од култната серија „Friends“, Бред Пит за тоа време го снимал „Mr. & Mrs. Smith“ со Анџелина Џоли.

 

 

 

 

Многумина во тоа време велеа дека Бред и Анџелина се одличен пар, а двајцата подоцна признаа дека се заљубиле еден во друг и јавно ја обелоденија нивната врска. Во јануари 2005 година, Џенифер и Бред објавија дека се разведуваат.

 

Сега на површина „исплива“ едно заборавено интервју на „Vanity Fair“ во кое Анистон била скршена откако новинарот ѝ ги пренел гласините дека Анџелина е бремена. Тоа се случило во септември 2005 година, пред официјалниот развод на парот, пренесува „Mirror“.

 

Новинарот опишал дека Џенифер изгледала како „некој да ја пробол во срце“ и плачела во тишина неколку минути. Била премногу повредена за да одговори и само одмавнала со главата.

 

На прашањето дали верува во гласините дека Џоли е бремена, Џенифер одговорила дека одлучила да му верува на поранешниот сопруг. Бред ѝ велел дека сака да сфати што сака од животот како самец и дека не станува збор за друга жена, но подоцна бил фатен на плажа со Анџелина и нејзиниот син Медокс.

 

„Би била робот кога би рекла дека немаше моменти кога чувствував бес, повреденост и засраменост. Не знам што се случило. Има многу нешта кои не ги разбирам, многу нешта кои не ги знам и кои никогаш нема да ги дознаам. Морам да мислам дека од некоја причина сум го привлекла ова во мојот живот. Морам така да размислувам, инаку сето тоа е едноставно сурово“, рекла Анистон.

 

Актерката во една прилика изјави дека е среќна и благодарна што го искусила бракот со Пит и дека засекогаш ќе го сака, а тој подоцна се ожени со Анџелина со која има 6 деца.

 

Парот се разведе во 2016 година и сè уште води битка околу старателството.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi